23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо се жали дека имаат многу непријатели

Мурињо се жали дека имаат многу непријатели

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по победата над Ростов (1:0) и пласманот во четвртфиналето во Лига Европа, жалејќи се на распоредот на натпревари кои ги има неговиот тим рекол дека Јунајтед „има многу непријатели“.

Манчестер Јунајтед направи уште еден чекор кон пласманот во завршницата во Лига Европа, но менаџерот Мурињо и покрај задоволството од победата над Ростов, го истакна и незадовослтвото од „густиот“ распоред кој неговиот тим го има во овој дел од сезоната.

„Имаме многу непријатели. Нормално тоа треба да биде Ростов, но ние навистина ги имаме многу. Тешко е да играш в понеделник со 10 играчи (Челзи ФА куп), па да играш сега, а потоа в недела на пладне“ рекол Мурињо.

Во ситуација кога за натпреварот со Мидлсброу, в недела, во тимот на Јунајтед ќе ги нема суспендираниот Ибрахимовиќ и повредениот Погба, оваа изјава на Мурињо звучи како барање алиби за евентуалниот кикс во неделниот натпревар, бидејќи речиси сите големи европски тимови во овој дел од сезоната играат по два натпревари неделно.

Според Мурињо, некој сериозно сака да му наштети на Манчестер Јунајтед.

„Засекогаш ќе го паметам разговорот со делегатот на УЕФА кој го водев во Ростов. Ми кажа дека доколку некој од нашите играчи се повреди тоа ќе го надомести УЕФА. Тој што одлучил да играме натпревари во понеделник и во недела веројатно размислува на ваков начин“, дополнувајќи дека тешкиот распоред може да има влијание врз неговите фудбалери на натпреварот против Мидлсбро.

„Многумина велат дека требаше да постигнеме повеќе голови (против Ростов), но има многу нешта кои се против нас. Момците се фантастични, но заморот си има своја цена. Веројатно ќе загубиме в недела“, рекол португалскиот тренер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП