10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Мата за минималец на Јунајтед, Лион ја елиминира Рома

ЛЕ: Мата за минималец на Јунајтед, Лион ја елиминира Рома

Рома не успеа да ја мине осминафиналната фаза во Лига Европа, откако поуспешен беше Олимпик Лион. Покрај во Рим најмногу возбудувања во реванш осминафиналните натпревари понуди и германската пресметка помеѓу Борусија и Менхенгладбах и Шалке, а меѓу најдобрите осум, поради повеќе постигнати голови на гостински терен мина тимот од Глезенкирхен.

Рома и Лион одиграа два одлични натпревари во осиминафиналето, а во наредната фаза мина францускиот тим кој на домашен терен победи 2:4, а во Рим загуби со 2:1.

Дијакаба го најави пласманот на Лион во четвртфиналето во 16.миниута, но предноста на Французите веќе во наредниот напад ја анулира Стротман. По еден час игра Тусар постигна авто гол за 2:1, но до крајот на натпреварот иако двата тима имаа шанси резултатот не се менуваше.

Во Менхенгладбах, Борусија по 1:1 во првиот натпревар, по првото полувреме стекна предност од 2:0 со головите на Кристенсен и Дахуд, но во вториот дел Горецка и Бенталеб од пенал израмнија на 2:2. Со овој резултат Шалке се пласира во четвртфиналето.

Манчестер Јунајтед рутински славеше во дуелот со Ростов 1:0. Единствениот гол го постигна Хуан Мата во 70.минута по асистенцијата од Ибрахимовиќ. Лоша вест за Манчестер Јунајтед е повредата на Пол Погба, кој го напушти теренот во второто полувреме.

Андерлехт во двата натпревари со идентични 1:0 го победи АПОЕЛ, Селта по 2:1 во Виго, злавеше и во Краснодар но со 2:0, Бешикташ иако еден час играше со фудбалер помалку го победи Олимпијакос 4:1, Генк и Гент играа 1:1, а понатаму оди Генк поради победата 5:2 во првиот натпревар, а меѓу четвртфиналистите се најде и Ајакс по победата над Копенхаген од 2:0.

Четвртфиналните двојки во Лига Европа ќе бидат извлечени в петок од 13 часот, во Нион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП