2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБогдановиќ заработи тешка повреда

Богдановиќ заработи тешка повреда

Кошаркарот на Фенербахче, Богдан Богдановиќ, доживеа потешка повреда на глуждот на натпреварот во Баберг, во рамките на 26.коло во Евролигата.

Фенербахче победи во Бамберг 83:78, но победата нa турскиот тим ја засени повредата на најдобриот играч во тимот Богдан Богдановиќ. Српскиот репрезентативец, во осмата минута го повреди глуждот на десната нога.

Поради слична повреда, Богадановиќ, сезонава веќе пропушти седум натпревари во Евролигата, односно нешто повеќе од два месеци отсуствуваше од тимот.

Фенербахче со триумфот над Бросе Бамберг ја задржа четвртата позиција на табелата со 17 победи и девет порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП