14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕХФ: Душебаев најдобар десен бек во Б групата, во ЛШ (видео)

ЕХФ: Душебаев најдобар десен бек во Б групата, во ЛШ (видео)

Десниот бек на Вардар Алекс Душебаев е најдобриот на својата позиција во Б групата во Лигата на шампионите, во која македонскиот првак го освои првото место.

Шпанскиот репрезентативец е единствениот ракометар на Вардар, кој според ЕХФ има место во идеалната постава во Б групата од Лигата на шампионите. Душебаев беше најдобриот стрелец на Вардар во натпреварите во Б групата, тој на 14-те натпревари постигна 64 голови.

Во својот избор ЕХФ не најде место за вардаровиот голман Арпад Штербик, кој со своите интервенции даде голем придонес за освојувањето на првото место во групата.

Идеалниот тим на Б групата во ЛШ:

Голман: Филип Ивиќ (Кјелце)
Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
Лев бек: Карел Бјелецки (Кјелце)
Среден бек: Анди Шмид (Рајн Некар)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Блаж Јанц (Цеље)
Пикер: Хулен Агинагалде (Кјелце)

Идеалниот тим на А групата во ЛШ:

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Габор Часар (Шафхаузен)
Десен бек: Недим Рамили (ПСЖ)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Пикер: Ренато Сулиќ (Веспрем).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП