5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle претстави подобри резултати од очекуваните

Oracle претстави подобри резултати од очекуваните

„Oracle“ објави повисоки од очекуваното профит и прилагодени приходи за кварталот, бидејќи компанијата за бизнис софтвер го искористи насочувањето на компаниите кон производи базирани во облак услугите.

Акциите на „Oracle“ ја зголемија својата вредност со 5,2% до над 45 долари во рамките на продолжената трговија во средата.

Приходите од продажбата на единицата за облачни предлози на компанијата и платформа за услуги се зголеми за 62% до 1,19 милијарди долари, додека оние од лиценцираниот софтвер потонале со близу 16 проценти.

Насочувањето на компанијата кон облачните предлози во обид да се справи со послабите резултати на бизнисот со лиценциран софтвер е помогнат од купувањето на „NetSuite“ за 9,3 милијарди долари во јули 2016-та година. Договорот му помогна на гигантот да стигне неколку конкуренти, како „Workday“ и „Salesforce“.

„Растот на приходите од нашиот облачен бизнис го надмина падот на софтверските лиценци на годишна основа“, коментира Сафра Катц, извршен директор на „Oracle“, за време на презентацијата на финансиските резултати.

Компанијата со седиште во Калифорнија изјави дека нејзините корективни приходи од единицата за софтверски услуги и платформи се зголеми за 86% до 1,1 милијарди долари при постојани девизни курсеви. Тоа е во горниот опсег на претходната прогноза.

Нето добивката на „Oracle“ порасна до 2,24 милијарди долари, или 53 центи по акција, во третиот квартал, кој заврши на 28-ми февруари, од 2,14 милијарди долари, или 50 центи по акција, една година порано.

Ако се исклучат некои елементи, компанијата има заработено 69 центи по акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 62 центи по акција според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Компанијата предвидува дека нејзиниот профит за тековното тримесечје ќе биде во опсег од 78-82 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП