9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе подготвува „чистка“ во Фиорентина

Се подготвува „чистка“ во Фиорентина

Фиорентина по завршувањето на сезоната ќе тргне во голема реконструкција на тимот, кој сезонава со голема веројатност нема да избори пласман во европските купови.

Влијателната „Gazzetta dello Sport“, најавува дека покрај тренерот Паоло Соуса најмалку седум фудбалери ќе заминат од Фиренца.

Листата на фудбалери кои заминуваат по завршувањето на сезоната ја предводи капитенот Гонзало Родригез кој не успал да се договори околу условите за продолжување на договорот.

Како што пишува весникот Крстијан Тељо, кој е позајмен од Барселона, ќе се врати во Каталонија бидејќи со своите настапи никого не мпресионира, Словенецот Јосип Иличиќ е незадоволен од статусот кој го има оваа сезона, откако го загуби местото во стартниот тим.

Романскиот голман Татарушану си оди од клубот бидејќи Фиорентина за наредната сезона го договори Спортиело.

Талентираниот Федерико Бернардески е трансфер цел на Интер и од неговата продажба Фиорентина може да заработи значителна сума на пари, исто како и од трансферите на хрватските репрезентативци Милан Бадељ и Никола Калиниќ.

Кинезите и понатаму покажуваат интерес за Калиниќ, кој во јануарскиот преоден рок ги одби сите понуди од далечниот Исток, додека Бадељ има понуди од неколку екипи од Германија и Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП