15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаранка доби отказ од Мидлзброу

Каранка доби отказ од Мидлзброу

Премиерлигашот Мидлзбро му врачи отказ на менаџерот Аитор Каранка, поради лошите резултати во кој се наоѓа екипата.

Аитир Каранка, по речиси три и пол години, го напушти Мидлзбро. Раководството на клубот му врачи отказ, бидејќи Каранка со својот тим нема победа во Премиерлигата на пследните десет натпревари.

Мидлзбро, поради серијата на лоши резултати, се наоѓа во опасната зона. На 11 кола до крајот на првенството, оваа екипа е на 19-то место со само 22 бода.

Каранка три и пол години го предводеше тимот, а мината сеозна успеа да го врати во Премиерлигата.

„Ќе му се заблагодарам на клубот кој ми пружи можност да работам тука. Тука ми беше убаво, Мидлзбро секогаш ќе има посебно место во моето срце. Се надевам дека успешно ќе ја заврши сезоната“, рекол каранка.

Екипата во наредниот натпревар ќе ја предводи помошникот на Каранка, Стив Агњу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП