2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортланд славеше над Сан Антонио, Харден заслужен за триумфот над Лејкерс (видео)

Портланд славеше над Сан Антонио, Харден заслужен за триумфот над Лејкерс (видео)

Кошаркарите на Индијана, Бостон, Јута, Мемфис, Хјустон, Портланд, Сакраменто и Милвоки забележаа победи изминатата ноќ на натпреварите во НБА лигата.

Портланд во дербито славеше во Тексас кај Сан Антонио 110:106. Портланд до победата го носеше бековската двојка Демијан Лилард и Си-Џеј Мекалум на која им се приклучи репрезентативниот центар на БиХ, Јусуф Нуркиќ. Лилард постигна 36 поени, Мекалум 26, а Нуркуќ имаше учинок од 16 поени и девет скокови.

Каваи Ленард, на спротивната страна, повторно имаше одличен учинок (34 поени, 9 скокови, 6 асистенции, 3 украдени топки, 2 блокади), но не можеше да го спречи поразот на својот тим. На овој меч по десеттдневната пауза поради срцева аритмија во тимот на Сан Антонио се врати Ламаркус Олдриџ, кој на својот поранешен тим му уфрли 19 кошеви.

Џејмс Харден со трипл-дабл го предводеше Хјустон до триумф над ЛА Лејкерс 139:100. Харден мечот го заврши со 18 поени, 12 скокови и 13 асистенции. На дебаклот на Лејкерси најмногу придонесе нивниот доскорешен играч Вилијамс кој постигна 30 поени.

Индијана славеше во дуелот со Шарлот 98:77, а тимот до победата го предводеше Пол Џорџ со 39 поени.

Горан Драгиќ се врати во тимот на Мајами по повредата на окото. Словенецот постигна 33 кошеви, а Мајами славеше над Њу Орлеанс 120:112. Одличен кај победникот беше и Хасан Вајтсајд со 20 поени и 17 скокови, додека на спортивната страна Ентони Дејвис уфрли 28 поени.

Резултати: Вашингтон-Далас 107:112, Бостон-Минесота 117:104, Детроит-Јута 83:97, Чикаго-Мемфис 91:98, Феникс-Сакраменто 101:107, ЛА Клиперс-Милвоки 96:97.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП