26 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНООлдриџ се враќа на теренот

Олдриџ се враќа на теренот

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Ламаркус Олдриџ, се враќа во тимот по кусата пауза поради аритмија на срцето.

Сан Антонио соопшти дека деталните медицински прегледи покажале дека кај Олдриџ не постојат посериозни срцеви проблеми и дека тој ќе се врати во тимот на натпреварот против поранешниот клуб Портланд.

„Ламаркус Олдриџ повторно може да игра кошарка. Откако на 9.март по мечот со Оклахома имаше одредени срцеви проблеми, нашиот лекарски тим направи детални анализи, а консултирани беа и најдобрите специјалисти од оваа област. На крајот е утврдено дека нема причина за загриженост. Олдриџ може да се врати на терените“, стои во клупското соопштение.

Олдриџ оваа сезона, заедно со Каваи Ленард, е клучниот играч на Сан Антонио, кој со скор 50-14 е втор во НБА лигата. Олдриџ во просек по натпревар има учинок од 17,3 поени и 7,4 скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП