7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи го совладаа Работнички

Карпош Соколи го совладаа Работнички

Карпош Соколи го совладаа Работнички 94-90 (20-23, 30-18, 25-25,17-24), во скопското дерби, кое се одигра во рамките на првото коло во Суперлигата.

Скопското дерби мина во знакот на ветаранот Диме Тасовски кој постигна девет тројки, а натпреварот го заврши со 37 поени.

Работнички ја доби првата четвртина, во која имаше и девет поени предност, со три разлика, но „Соколите“ адекватно одговорија во втората во која постигнаа 12 поени повеќе од противникот.

Третата четвртина беше ефикасна, а заврши 25:25 и во решавашките 10 минути Карпош Соколи велезе со девет поени предност. Домаќинот потоа успеа да ја удвои таа предност (88:70), но Работнички со серија од 11 поени внесе дополнителна неизвесност, но немаше сили за целосен пресврт.

Покрај Тасовски, кај Работнички се истакнаа Мишановиќ со 18 и Илиевски со 11 поени, додека кај Карпош Соколи петмина постигнаа двоцифрен број на поени, а најпрецизни беа Трајковски со 20 и Зековиќ со 19 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП