14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукаку сака да се врати во Челзи, Евертон бара 86 млн. евра

Лукаку сака да се врати во Челзи, Евертон бара 86 млн. евра

Најдобриот играч на Евертон и еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, Ромелу Лукаку изразил желба да се врати во Челзи, пишува Daily Mail. Според истиот извор Белгиецот одбил да потпише нов договор со Евертон, порачувајќи дека има недовршена работа на „Стенфорд Бриџ“.

Евертон, пред две сезони го купи Лукаку од Челзи за сума од 32 милиони фунти, Белгиецот на „Гудисон“ ја потврди класата, а клубот на почетокот на сезoната ја одби понудата на Челзи тешка 65 милиони фунти.

Деновиве Евертон му понудил неделна плата од 140.000 фунти и нов договор, но Лукаку ја одбил понудата и порачал дека сака да игра во Лигата на шампионите. Исто така водечкиот стрелец во Премиерлигата со 19 голови, рекол дека на „Стенфорд Бриџ“ има недовршена работа, што значи дека тој сака да се врати во Челзи, во чиј дрес од 2011 до 2014 година одигра само 15 натпревари, а една сезона мина на позајмица во ВБА, а потоа и во Евертон кој и го откупи неговиот договор.

Daily Mail пишува дека „карамелите“ нема да се противат на трансферот, но само доколку Челзи плати сума од 86 милиони евра. Евертон е свесен дека покрај Челзи интерес за Лукаку покажуваат ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, па ќе се обиде ја извлече максималната сума од продажбата на својот најдобар фудбалер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП