Лука Дончиќ, еден од најталентираните светски кошаркари, најверојатно ќе биде прв пик на НБА драфтот во 2018 година, сметаат водечките светски аналитичари, вклучувајќи го и најпознатиот меѓу нив, новинарот на ESPN Марк Стејн.
Лука Дончиќ (18) втора сезона е дел од првиот тим на Реал Мадрид, а оваа сезона блеска во Евролигата со просек по натпревар од 8,7 поени, 4,5 скока и 4,3 асистенции, но она што го истакнуваат аналитичарите е дека неговиот придонес на теренот не може да се искаже низ бројки.
Доколку прогнозите на аналитиачите се остварат, тогаш Дончиќ би бил вториот Европеец во историјата кој е избран од првата позиција, по Андреа Барњани во 2006 година и трет надвор од САД, по Јао Минг од Кина.