ПочетнаИНТЕРЕСНОКасиљас нов рекордер по бројот на настапи во европските купови

Касиљас нов рекордер по бројот на настапи во европските купови

Икер Касиљас, во вторникот, испиша нова страница во историјата на клупските натпреварувања кои ги организира УЕФА. Реваншот против Јувентус, во Лигата на шампионите, беше 175-ти натпревар за Касиљас во европските купови, што е апсолутен рекорд.

Икер Касиљас, на вечната листа, го мина легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини кој има одиграно 174 натпревари во европските купови, трет е Чави со 173, а меѓу првите десет се и Седорф, Раул, Занети, Гигс, Реина, Карагер и Буфон.

Касиљас во кариерата 157 натпревари во европските купови одиграл за Реал, а низата ја продолжи и по напуштањето на „кралискиот клуб“ во 2015 година, во дресот на Порто.

Инаку, Порто европската сезона ја заврши во осминафиналето со двата порази од Јувентус и вкупен резултат 3:0.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП