4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Монако во офанзива против Сити, Баер најавува сензација во Мадрид

ЛШ: Монако во офанзива против Сити, Баер најавува сензација во Мадрид

Уште две слободни места останаа во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. До едното е блиску Атлетико Мадрид по гостинската победа, во првиот осминафинален меч, над Баер Леверкузен (4:2), додека за второто жестока борба ќе водат Монако и Манчестер Сити. Англискиот тим по првиот натпревар стекна предност 5:3.

Со должна почит кон Атлетико и Баер, очите на фудбалската јавност вечерва ќе бидат вперени на стадионот „Луј II“. Монако и Манчестер Сити, пред две недели, одиграа спектакуларен натпревар на кој беа постигнати осум голови, а кој Сити го доби со 5:3, иако губеше 2:3.

Влогот е голем за давата тима, чии тренер најавуваат дека нема да отстапат од она што го граделе во текот на сезоната. Монако ќе инсистира на напаѓачката игра, за гол повеќе, што го прави сезонава да биде најефикасниот тим во најсилните европски националните првенства, дури и пред Реал и Барселона.

„Оваа сезона играм во континуитет, сите во клубот веруваат во мене и поради што повторно чувствувам дека сум значаен играч за тимот. Ми се врати самодовербата, а со неа дојдоа и головите, нив не можев да заборавам да ги постигнувам“, изјави капитенот на Монако, Радамел Фалкао.

„Ние нема да го менуваме нашиот стил на игра. Ќе играме како што тоа го правиме во текот на целата сезона. Голема грешка ќе биде доколку се обидеме да ја чуваме предноста“, вели Пабло Забалета, дефанзивецот на Манчестер Сити.

Вториот меч речиси и да не носи возбодувања, Баер речиси да нема шанси да ја надомести негативата од првиот натпревар, на кој Атлетико славеше 4:2, а според прикажаното победата на „јорганџиите“ можеше да биде изразена и со повеќе голови.

Во меѓувреме, Баер го смени тренерот, но и по водство на новиот Тајфун Коркут, тимот од Леверкузен не успеа во последното коло во Бундеслигата да го победи Вердер.

Сепак не треба да се занемари фактот дека германските тимови никогаш пред време не се предаваат, но резултатот од првиот меч и квалитетот и менталитетот се на страната на Атлетико.

„Претходните недели бевме сведоци што се може да се случи во фудбалот. Нема да загубиме во Мадрид, ќе се бориме и добро знаеме што ни е потребно за да се пласираме во четвртфиналето“, самоуверено изјави на прес конференцијата тренерот на Баер, Коркут.

На дуелот во Мадрид во центарот на вниманието ќе биде напаѓачот на Атлетико, Антоан Гризман кој значително го подигна нивото на својата форма и на последните седум натпревари има постигнато шест голови.

Дуелите на „Луј II“, во Монако и „Винсенте Калдерон“ во Мадрид ќе започнат во 20:45 часот.

На претходните дуели пласман во четвртфиналето изборија Реал, Барселона Дортмунд, Баерн, Јувентус и Лестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП