17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСања Дамјановиќ ќе си замине од ЖРК Вардар

Сања Дамјановиќ ќе си замине од ЖРК Вардар

Српската репрезентативка Сања Дамјановиќ по завршувањето на сезоната ќе си замине од редовите на ЖРК Вардар.

Сања Дамјановиќ пред две години дојде во ЖРК Вардар од дански Виборг како една од најдобрите ракометарки во светот на левата бековска позиција. Таа беше дел од тимот кој две години играше на завршниот тирнир во Лигата на шампионите и го освојуваше третото место.

Сепак, Дамјановиќ, во ЖРК Вардар не се снајде најдобро, во ниту еден момент не ја пронајде вистинската форма, поради што реши да замине.

„По завршувањето на сезоната ќе го сменам клубот. Нема да останам во Вардар, а каде ќе ја продолжам кариерата се уште не знам. Важно е дека добивам понуди. Наскоро ќе решам каде ќе играм наредната сезона“, изјавила Дамјановиќ за „Спортски журнал“.

Дамјановиќ во кариерата има настапувано во Раднички Белград, Наиса Ниш, Крим, Зајечар, Подравка и Виборг. Ги освоено шампионските титули во првенствата на Србија, Словенија, Хрватска, Данска и Македонија, а со Виборг во 2014 година победи во Купот на победниците на Куповите. Со српската репрезентација има сребро од Мундијалот во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП