8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар со рутинска победа над Извиѓач

Вардар со рутинска победа над Извиѓач

Ракометарите на Вардар со гостинска победа над Извиѓач 33:27 уште еднаш го потврдија првото место на табелата во пресрет на завршниот турнир.

Вардар со 15 победи, само еден пораз и две нерешени го заврши регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. Последната победа „црвено-црните“ ја забележаа кај Извиѓач 33:27, иако Раул Гонзалес немаше неколку играчи на располагање (Штербик, Борозан, Шишкарев, Дибиров, Стоилов).

Извиѓач против фаворитот имаше нерешен резултат до 11.минута (5:5), потоа Вардар ја презеде контролата и создаде предност од пет гола во 16.минута (6:11), која рутински ја одржуваше во преостанатиот дел од натпреварот.

Карачиќ со осум и Циндриќ со шест гола ги предводеа стрелците кај Вардар, а Милиќ имаше 12 интервенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП