13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндреа Лекиќ и Сања Дамјановиќ се враќаат во репрезентацијата на Србија

Андреа Лекиќ и Сања Дамјановиќ се враќаат во репрезентацијата на Србија

Ракометарките на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ и Сања Дамјановиќ, по пауза од две години решија да се вратат во репрезентацијата на Србија. Српските ракометарки викдендов во Скопје ќе одиграат две контролни средби со Македонија.

Лекиќ и Дамјановиќ, заедно со голманката Катерина Томашевиќ и пивотменката Драгана Цвијиќ не сакаа да играат за Србија додека селектор беше Саша Бошковиќ, а кога тој замина од функцијата неговата наследничка Драгана Ѓуриќ воопшто не ги повикуваше во репрезентацијата.

Откако некогаш најдобрата светска голманка се лични причини се повлече од функцијата се создадоа услови Лекиќ И Дамјановиќ да добијат повик, кој тие го прифатија, Томашевиќ не е повикана додека Цвијиќ, која од наредната сезона ќе игра во Вардар, пред неколку месеци во едно интервју кажа дека се повлекува од репрезентацијата.

Новиот селектор Живојин Максиќ за двете контролни средби со Македонија, кои ќе бидат од затворен тип, нема да може да смета на Лекиќ, која е повредена, додека во тимот ќе биде Дамјановиќ.

Првиот меч ќе се одигра в петок од 19:30 часот, а вториот в сабота од 12:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП