3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилевски со двоен список за контролните натпревари со Црна Гора и Бугарија

Милевски со двоен список за контролните натпревари со Црна Гора и Бугарија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, ги објави списоците на играчи за контролните натпревари против Црна Гора и Бугарија.

Младата македонската фудбалска репрезентација со дуелите против Црна Гора и Бугарија започнува со подготвките за настап на Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски се определи на првиот меч пртив Црна Гора да игра со фудбалери кои треба да бидат носители на играта на наредниот квалификациски циклус за пласман на ЕП во Италија, кој ќе започне на 5.септември.

„Ова ќе биде последната проверка на потенцијалот за одредени фудбалери. Некои од нив немаат доволна минутажа во клубовите, а некои се дури и без клубови. Овој натпревар ќе биде шанса за нив да покажат дека имаат квалитет за настап во репрезентацијата“, рече Милевски.

Селекторот упати повик и фудбалерот на Јанг Бојс Туалант Сефери (порано Сулејманов), иако тој често изјавуваше дека неговата намера е да игра за Албанија.

За вториот натпревар против Бугарија, селекторот ќе игра со фудбалерите кои го изнесуа товарот во претходниот квалификациски циклус и кои оставрија историски успех со пласманот на Европското првенство во Полска.

Дел од тие играчи: Дарко Велковски, Егзон Бејтулаи, Дабид Бабунски, Бобан Николов, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески, ќе играат за А репрезентацијата во квалификациите против Лихтенштајн, а птооа ќе се приклучат на малдата селекција.

Дуелите на малдата селекција со Црна Гора и Бугарија ќе се одиграат на 24. и 28.март во Скопје со почеток во 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП