4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио го совлада Торино (видео)

Лацио го совлада Торино (видео)

Лацио го совлада Торино со 3:1 во последниот натпревар од 28.коло во Серија. Лацио со оваа победа, четврта во низа, се искачи на четвртото место на табелата.

Лацијалите доминираа во текот на целиот натпревар, но до победата над Торино дојдоа во последните три минути од натпреварот.

Откако не ја материјализираа големата иницијатива која ја имаа во првиот дел, „небесно сините“ до предност стигнаа преку Имобиле во 56.минута.

Торино израмни во 72.минута преку Макси Лопез кој неколку минути претходно влезе во игра.

Сепак Лацио успеа да победи со головите на Балде Кеита во 87-та и Андерсон во 90-та минута.

Лацио со новите три бода и четвртата победа во низа се искачи на четвртата позиција на табелата со 56 бодови, четири помалку од Наполи кој е на третото место и шест помалку од второпласираната Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП