Кошаркарите на Црвена звезда со победа го затворија регуларниот дел од сезоната во АБА лигата. Актуелниот шампион во регионалното натпреварување, во последното коло убедливо славеше против Будуќност 82:66 и одбра против црногорскиот првак да игра во полуфиналето.
Црвена звезда, најголемиот фаворит за титулата во АБА лигата, регуларниот дел од сезоната го заврши со 25 победи и само еден пораз, што е апсолутен рекорд во лигата.
Во последното коло „црвено-белите“ имаа можност сами да го одберат противникот во полуфиналето и решија тоа да биде Будуќност.
Доколку Црвена звезда загубеше во полуфиналето ќе играше против вечниот ривал Партизан.
Дуелот со Будуќност „црвено-белите“ го добија рутиснки, во најголемиот дел од натпреварот одржуваа разлика помеѓу седум и 12 поени. Дилемите околу победникот Црвена звезда ги реши во последната четвртина кога за седум минути игра на противникот му дозволи да постигне само два поени.
Џенкинс со 21 поен (4/5 за два, 4/5 за три) и пет асистенции беше најдобриот поединец на овој натпревар.
Полуфиналните двојки во плејофот се Цедевита-Партизан и Црвена звезда-Будуќност.