12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈапонецот Казујоши Мијура стана највозрасниот играч во историјата на фудбалот кој постигнал...

Јапонецот Казујоши Мијура стана највозрасниот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол

Легендарниот Јапонец Казујоши Мијура стана највозрасниот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол. На вечната листа Мијура го престигна Англичанецот Стенли Метјуз.

Казојуши Мијура го постигна единствениот гол со кој Јокохама славеше против Кусатсу. Со постигнатиот гол Мијура го собори рекордот на Метјуз и со 50 години и 14 денови, стана највозрасниот играч кој постигнал гол на официјален натпревар.

„Задоволен сум што придонесов мојот тим да победи. Секогаш сакам да постигнам гол, но пред почетокот на мечот имав чувство дека тоа и ќе го направам“, рекол популарниот „кралот Кизу“.

Инаку, претходниот рекордер Метјуз пред половина век, својот последен гол во кариерата го постигна на возраст од 50 години и пет дена.

Инаку, Мијура на 7.март, како што тогаш објави ФИФА, стана највозрасниот фудбалер кој играл на официјален натпревар, тој мина на теренот 54 минути на натпреваротЈокохама-Нагасаки (1:1).

Мијута ја игра својата 32-ра професионална сезона, која интересно ја започна во 1986 година во Сантос, потоа играл за Палмеирас, Макабура, ЦБР, Ѓау, Коритиба, Верди Кавасаки, Џенова, Динамо Загреб, Кјото, Кобе, Сиднеј, а од 2005 година е во Јокохама.

Интересно Мијура никогаш не настапил на Светско првенство, иако за Јапонија има одиграно 89 натпревари и постигнато 55 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП