2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик е голманот на колото

Штербик е голманот на колото

Арпад Штербик е голманот кој го обележа 14. коло, последно во фазата по групи во ракометната Лига на шампионите.

Голманот на Вардар во неделата беше најзаслужниот за победата над Кристијанштад 32:30. Штербик со своите одбрани во очај ги фрлаше противничките ракометари, а натпреварот го заврши со 21 интервенција.

Вардар фазата по групи ја заврши на првата позиција во Б групата, избори директен пласман во четвртфиналето, каде за противник ќе го има победникот од осминафиналето меѓу Мешков Брест и Фленсбург.

Покрај Штербик, во тимот на колото се најдоа средниот бек и пикерот на Силкеборг, Себастијан Скубе и Михаел Кнудсен, левото крило на ПИК Сегед Јонас Калман, десното крило на Барселона Виктор Томас, односно левиот бек на Веспрем Момир Илиќ и десниот бек на Монпелје Јуре Доленец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП