7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид се врати на првото место во Примера (видео)

Реал Мадрид се врати на првото место во Примера (видео)

Реал Мадрид го искорсити поразот на Барселона во Ла Коруња и по 27.коло се врати на челната позиција во Примера, со два бода повеќе и натпревар помалку од најголемиот ривал.

Реал во 27.коло на домашен терен го совлада Бетис 2:1 (1:1),а натпреварот го обележаа голманот „кралскиот клуб“ Кејлор Навас, главниот судија Лахос и вечниот спасител на екипата од „Сантијаго Бернабеу“, Серхио Рамос.

Прашање е каков епилог ќе имаше натпреварот доколку судијата Лахос го видеше она што беше очигледно и стартот на Кејлор Навас над Брашанац во 21.минута го окарактеризира како прекршок и му покажеше црвен картон на голманот на Реал.

Костариканецот беше во центарот на вниманието и три минути подоцна кога по ударот на Санабрија сам си постигна гол.

До крајот на полувремето, Реал успеа да израмни на 1:1. Марсело испрати центаршут од левата страна Мората повлече двајца дефанзивци на Бетис, му отвори простор на Кристијано Роналдо кој од петерецот ја закова топката во голот на Адан.

Во второто полувреме Португалецот постигна уште еден гол, кој беше поради офсајд, иако впечатокот е дека тој се наоѓаше во регуларна позиција.

Бетис во 78.минута остана со фудбалер помалку откако Пичини го заработи втроиот жолт картон.

Три минути подоцна по корнерот на Крос, Серхио Рамос остана сам на втората статива и лесно го совлада Адан.

Во последната минути од натпреварот Бетис имаше шанса да го избегне поразот, но ударот на Санабрија со глава од голот го извади Кејлор Навас.

Реал во наредното коло ќе гостува во Билбао, додека Бетис ќе ја пречека Осасуна. По 27.кола Реал е лидер со 62 бода, два повеќе и натпревар помалку од Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП