22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриумф на Јуве со пенал во 97-ма минута (видео)

Триумф на Јуве со пенал во 97-ма минута (видео)

juve-milan335

Јувентус го победи Милан со 2:1 (1:1) во првиот натпревар одигран во рамките на 28.коло во Серија А. Решавачкиот гол го постигна Паоло Дибала од пенал во 97.минута.

Јувентус победи во дербито против Милан и многу веројатно го направи клучниот чекор кон одбрана на титулата.

Фудбалерите на „старата дама“ до трите бода стигнаа на начин кој ќе предизвика бројни полемики на Апенините.

Имено, главниот судија по истекот на 90-те минути покажа дека ќе се играат дополнителни четири, а пеналот го досуди, на сугестија на својот помошник во 95.минута.

Сигурен реализатор на пеналот беше Паоло Дибала.

Претходно Бенатија по половина час игра го постигна првиот гол за Јувентус, а израмни Бака во 43.минута, кој од 10 метри го совлада Буфон по акцијата на Деулофеу.

Во второто полувреме двата тима имаа неколку големи шанси, а најзрелата беше шансата на Игуаин чии удар го одбрани Донарума.

Јувентус сега има 70 бодови, 11 повеќе од Рома која има натпревар помалку, додека Милан со 50 бодови е на седмото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП