19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈорданчо Давитков е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија

Јорданчо Давитков е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија

davitkov-680x365_c

Јорданчо Давитков е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија. Давитков на функцијата го наследи Драган Раца, кој си замина откако доживеа дебакл со националниот тим во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Јорданчо Давитков своевремено го наследи Марин Докузовски на клупата на националната селекција во 2001 година, а по низа неуспеси да се пласира на континенталното првенство, Давитков успеа да го направи (дотогаш) најголемиот успех на националниот тим откако во 2005 година обезбеди место во Дивизија А.

Неуспешните квалификации за Евробаскет 2007 беа причината поради која Давитков одлучи да го отстапи селекторското столче за да повторно седне на истото, десет години подоцна.

„Бев селектор од 2001 година до 2007 година, за моја среќа или несреќа, во еден од најтешките периоди на македонската репрезентација. Тоа беше период кога поради суспензијата од страна на ФИБА се натпреварувавме во Дивизија Б. Успеавме да се вратиме во Дивизија А што можам да кажам дека тоа беа темелите за сите понатамошни успеси. Овој период ме потсетува токму на тој период, време кога треба да се вратиме на местото што ни припаѓа, а не каде што сега се наоѓаме. Се надевам со ангажман на сите вклучени, од селектор до стручен штаб, но и од федерацијата дека ќе успееме да ја вратиме македонската репрезентација на местото кое ѝ прилега“, вели Давитков.

Новиот селектор е повратник во македонската кошарка, бидејќи речиси цела деценија работеше во Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Инаку, иако сé уште официјално не е потврдено, помошници на селекторот ќе му бидат младите стратези Александар Јончевски и Љупчо Малинков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП