10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоилов: Имаме обврска да победиме за навивачите

Стоилов: Имаме обврска да победиме за навивачите

stoilov-press-680x365_c

Ракометарите на Вардар со натпреварот против Кристијанштад, в недела, ќе ги завршат натпреварите во Б групата во Лигата на шампионите.

Натпреварот нема натпреварувачко значење за „црвено-црните“, кои веќе го обезбедија првото место во групата и директно се пласираа во четвртфиналето, но како што рече капитенот Стојанче Стоилов, ракометарите имаат обврска да победат.

Лидерот во Б групата, Вардар, покрај армијата на навивачи, в недела на своја страна ќе ги има и ракометарите на Загреб кои се наоѓаат на шестото место од каде може да ги помести само Кристијанштад со евентуалната победа во Скопје.

За вакво сценарио не размислува никој во „црвено-црниот“ табор, капитенот Стоилов најавува сериозен пристап и победа за навивачите.

„Без разлика на сè ние сме први во групата. Но, сепак ние сме професионалци и на самите себе, а и на навивачите им должиме победа. Сериозно му пристапуваме на натпреварот со Кристијанштад и се надевам дека со победа ќе ја завршиме оваа фаза“, рече на прес конференцијата во пресрет на натпреварот Стоилов, кој одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема посебна желба за противник во четвртфиналето.

Вардаровиот тренер, Раул Гонзалес, истакна дека Кристијанштад е добра екипа која игра брз ракомет и има исклучително добар контранапад.

„Сите треба да го дадат максимумот за да победиме. За Кристијанштад ова е важен натпревар, од него им зависи пласманот во осминафиналето и сигурно е дека ќе влезат со намера да победат. Играат брзо, играат добро во контранапади, имаат добар голман, затоа ќе треба бргу да се враќаме во одбрана“, рече Гонзалес.

Натпреварот в недела ќе започне во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП