26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ се сели во САД!?

Ибрахимовиќ се сели во САД!?

ibra3k3

Поранешниот менаџер на ЛА Галакси, Алекси Лалас, на англиските новинари им открил дека Златан Ибрахимовиќ преговара за трансфер во САД, во МЛС лигата.

Договорот на Златан Ибрахимовиќ со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната клубот има намера да го задржи, но тој наводно бил заинтересиран за трансфер во САД.

„Галакси е навистина супер клуб. Овој клуб прави вистински работи. Имаат неколку добри засилувања, навистина работат сериозно, а Ибрахимовиќ би бил само шлаг на тортата. Не работат по принципот „дојди и земи ги парите“. Мислам дека на Златан би му одговарало да биде промотор на лигата, а него трансферот би му значел многу повеќе од обичен договор“, рекол Лалас и дополнил дека Ибрахимовиќ би станал најплатениот играч во историјата на лигата.

„Златан неколку пати разговараше со луѓето од Галакси и мислам дека воопшто не е невозможно летово тој да пристигне во Лос Анџелес“, рекол поранешниот играч на ЛА Галакси и на репрезентацијата на САД.

Ибрахимовиќ оваа сезона има постигнато 26 голови за Јунајтед во сите конкуренции, 15 од нив во Премиерлигата. Неговиот договор со клубот од „Олд Трафорд“ истекува по завршувањето на сезоната, но има опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП