10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер: Никој нема да ме избрка од Арсенал, па ниту навивачите

Венгер: Никој нема да ме избрка од Арсенал, па ниту навивачите

arsen-venger

Стотина навивачи на Арсенал протестираа пред Емиратес стадионот во пресрет на реваншот од осмина финалето од Лигата на шампионите против Баерн од Минхен, а по кој Баварците уште еднаш славеа со 5:1, а ниту на стадионот не го криеја своето разочарување.

На социјалните мрежи бараат тренерот да си замине кој се наоѓа на чело на клубот 21 година, но Французот нема намера толку лесно да си замине.

„Повеќе од 20 години работам да ги усреќам навивачите. Кога губиме, јасно ми е дека не се среќни. Фокусиран сум на следниот меч и сакам екипата да се врати по тешкиот пораз. Не размислувам за својата иднина, најважни ми се натпреварите“, рече Венгер.

Англиските новинари сакаа да знаат дали притисокот на навивачите ќе биде пресуден во неговата одлука за заминување или останување.

„Тоа е важно, но не е пресуден фактор. Не може еден пораз да го наруши сето она што го правев во овој клуб. Јас не работам за својот имиџ, јас работам за Арсенал. Како ќе судат за она што сум го постигнал, не е мој проблем. Сите овие години покажав колку го сакам овој клуб. Донесов некои од најдобрите одлуки во историјата на Арсенал и ќе продолжам тоа да го работам“, рече Венгер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП