4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДисциплински постапки против Арсенал, Баерн и Наполи

Дисциплински постапки против Арсенал, Баерн и Наполи

uefa-president-election

УЕФА покрена дисциплински постапки против Арсенал, Баерн Минхен и Наполи поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи за време на осминафиналните реванши во Лигата на шампионите.

Арсенал ќе биде казнет бидејќи еден навивач влетал на теренот додека траел натпреварот на „Емирејтс“. Баерн го очекува казна бидејќи неговите навивачи на мечот со Арсенал во Лондон фрлале разни предмети на теренот.

Поради фрлање на предмети на теренот казна го очекува и Наполи.

УЕФА одлуката ќе ја соопшти на 23.март.

Баерн и Реал обезбедија пласман во четвртфиналето откако победија и во осминафиналните реванши против Арсенал во Лондон (5:1), односно Наполи во Неапол (3:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП