ИНТЕРЕСНО

МЗТ се засили со Катниќ

sp-katnic

Душан Катниќ (28) е ново име во составот на МЗТ Скопје Аеродром. Катниќ во МЗТ доаѓа како замена за Ван Острум, а со клубот потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Катниќ е плејмејкер кој кариерата ја почнал во Мега Лекс, а има играно за Црвена звезда, Остенде, Анвил, Раднички Крагујевац, Крка и Игокеа. Тој во МЗТ дојде од редовите на српскиот прволигаш Динамик.

Во младинските конкуренции Катниќ со репрезентацијата на Србија има златни медали од европските првенства во јуниорска и младинска конкуренција, во 2007 и 2008 година, како и од светското првенство за играчи до 19 години во 2007 година.

Катниќ дебито за МЗТ ќе го има наредниот четврток, кога МЗТ во домашното првенство ќе го пречека Фени индустри.