
Дисциплинската комисија на Евролига го казни Панатинаикос со 100.000 евра и четири средби без присуство на публика на својот терен. Санкциите за тимот од Атина се изречени поради нередите на нивните симпатизери во четвртфиналната серија против Барселона. Како што се наведува на интернет страната на ова натпреварување клубот е казнет со 40.000 евра и три средби без присуство на гледачи во наредната сезона. Панатинаикос е казнет поради тоа што домашните навивачи повторно користеле забранети сирени, бакли и петарди.

