Иако во изминатиот период фудбалската репрезентација на Македонија не одигра ниту еден натпревар, сепак назадуваше на најновата листа на ФИФА. Од четвртокот македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 166-то место на ФИФА листата.

Македонија не одигра ниту еден натпревар, но сепак назадуваше за една позиција на ФИФА листата. „Црвено-жолтите“ се 166-ти на листата, а во однос на претходното рангирање, пред Макеоднија излезе и репрезентацијата на Косово.
Поразителен е фактот за националниот тим е тоа што во Европа само пет репрезентации се полошо рангирани од Македонија: Малта, Лихтенштајн, Андора, Сан Марино и Гибралтар.
На најновата ФИФА листа нема промени во Топ 10, прва е репрезентацијата на Аргентина, а зад неа се Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.