9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНеверојатна победа на Барса, Борусија ја совлада Бенфика (видео)

Неверојатна победа на Барса, Борусија ја совлада Бенфика (видео)

79392261458c06eac3ea64283818902_w640

Барселона и Борусија Дортмунд им се придружија на Реал и Баерн во четвртфиналето, во Лигара на шампионите. Барселона во реваншот направи чудо и го елиминира ПСЖ победувајќи со 6:1, додека Борусија со хет трикот на Обамејанг ја совлада Бенфика со 4:0.

Ден пред реваншот помеѓу Барселона и ПСЖ, тренерот на каталонците Луис Енрике веруваше дека неговиот тим може да постигне шест голови и токму тоа се случи.

Кукавичката игра и лошата тактика на ПСЖ, индиспонираниот Маркињос во одбраната, двата во најмала рака сомнителни пенали за Барселона и надополнувањето од премето од пет минути во второто полувреме придонесоа Барселона да испише историја во Лигата на шампионите и да стане првиот тим кој надоместил негатива од 4:0.

Барселона резултатот го отвори во третата минута кога гол постигна Луис Суарез, а во 40-та Курзава со авто гол зголеми на 2-0. Првите два гола Барса ги постигна поради лошите одлуки и нерешителноста на Маркињос.

Вториот дел започна со гол на Меси по сомнително досудениот пенал, кој судијата Ајтекин го досуди по сугестија на помошникот.

Сигурноста во играта на ПСЖ ја врати Кавани кој погоди во 61.минута. Потоа Кавани и Ди Марија имаа мртви шанси, но двајцата кога беа зами пред Тер Штеген ен постигнаа гол.

Лудницата на „Камп Ноу„ започна во 88.минута кога Нејмар постигна брилијантен гол од слободен удар. Три минути подоцна Ајтекин и подари пенал на Барселона, а Нејмар зголеми на 5-1.

Конечниот резултат го постави Серхи Роберто, кој по една длабинска топка на Нејмар избегна офсајд стапица и постигна гол кој значи четвртфинале за Барселона.

Борусија во Дортмунд со сигурна игра ја победи Бенфика 4:0. Хет трик постигна Обамејанг, тој беше стрелец во четвртата, 61-та и 85-та минута, а еден гол постигна Пулишиќ во 59-та минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП