21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург со пораз од Нексе ја заврши сезоната во регионалната СЕХА лига

Металург со пораз од Нексе ја заврши сезоната во регионалната СЕХА лига

metalurg-1-680x365_c

Металург со пораз ја заврши сезоната во регионалната СЕХА лига. Во вторникот, Металург загуби во Нашице од Нексе со 27:22 (11:11).

Сезоната 2016/2017 Металург ја заврши на осмото место во СЕХА лигата, по поразот од Нексе.

Дуелот во Нашице беше целосно израмнет во првото полувреме, Нексе ја одржуваше предноста од еден гол, два пати имаше два гола предност, а Металург во претпоследната минута го имаше првото водство 10:11, но на полувреме резултатот беше нерешен.

Металург во второто полувреме имаше 13:14 во 34.минута, а потоа во наредните пет минути Нексе со серија 5:1, се одвои на 18:15 и ја создаде клучната предност.

Металург во 54.минута имаше приклучок 23:21, на што Нексе одговори со пет гола во наредните пет минути за конечен триумф 27:22.

Костески, Илиќ и Обрадовиќ со по четири голови беа најефикасни кај Металург, во чии редови најдобар играч беше голманот Арсиќ со 13 одбрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП