21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ суспендиран три натпревари

Ибрахимовиќ суспендиран три натпревари

B4D22B1228DB4DA9B182B7B76D170EFF

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, поради суспензија нема да игра на наредните три натпреварa. Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му ја изрече суспензијата поради насилничко однесување на теренот.

Шведскиот интернационалец на натпреварот против Борнмут, во саботата, во скок со лактот го удри во главата противничкиот играч Тајрон Мингс, откако играчот на Борнмут претходно во еден дуел на средината од теренот го згазна по главата Ибрахимовиќ.

ФА образложи дека двајцата требало да добијат црвени картони, но бидејќи тоа не се случило ,тие Ибрахимовиќ го суспендираа од три натпреварa, додека казната за Мингс ќе биде дополнително соопштена бидејќи Бурнмут најави жалба.

Инаку, веднаш по натпреварот кој заврши 1:1, двајцата фудбалери негираа дека имало намера во стартовите, туку дека сé што се случило е дел од фудбалската игра.

Поради суспензијата Ибрахимовиќ ќе го пропушти натпреварот со Челзи во ФА купот на 13. март и првенствените натпревари против Мидлзброу и ВБА.

Швеѓанецот е најдобриот стрелец на Јунајтед оваа сезона со 15 голови во Премиер лигата, односно 26 голови на 39 натпревари во сите натпреварувања.

Манчестер Јунајтед в четврток, во Ростов, ќе го одигра првиот осминафинален натпревар во Лига Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП