17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLindt објави пониска од очекувата добивка заради намалување на американскиот пазар

Lindt објави пониска од очекувата добивка заради намалување на американскиот пазар

Lindt-Spruengli-ruehrt-mit-der-grossen-Kelle-an-Archiv-

Најголемиот производител на луксузни чоколади „Lindt & Spruengli“ забележа годишна добивка малку под очекувањата на аналитичарите, поради намалувањето на американскиот пазар и елиминација на помалку профитабилните производи од брендот „Russell Stover“.

Оперативната добивка е зголемена за 8,4% до 562,5 милиони франци (556 милиони долари), изјави производителот со седиште во Килхберг, Швајцарија. Аналитичарите очекуваа профит од 565,3 милиони франци.

Производителот на чоколадните бонбони „Lindor“ отвори 60 нови продавници и продолжува да се ослободува од делови од портфолиото на „Russell Stover“, отстранувањето на 2000 производи во минатата година. Американскиот пазар на чоколадо забележува опаѓање за прв пат по толку години, а сегментот со луксузни чоколади постигнал побавен раст. Претседателот на „Lindt“, Ернст Танер изјави во јули дека новите, не толку сезонски производи на „Russell Stover“ презентирани во четвртиот квартал, ќе ги поддржуваат приходите.

„2016-та година не беше многу лесна година“, пишува Финтан Рајан, аналитичар во „Berenberg“. Акциите останаа речиси без промена на ниво од 65.585 франци во раната трговија во Цирих.

Компанијата вели дека очекува раст на органската продажба во 2017-та година, што одговара на минатогодишниот од 6%, како и дополнително подобрување на оперативната маргина. „Lindt“ има долгорочна цел за раст на годишната органска продажба помеѓу 6% и 8% со зголемување на маргина на оперативната добивка со 20-40 процентни поени.

„Lindt“ соопшти дека ја зголемува дивидендата со 10% до 880 франци по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП