11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКазујоши Мијура стана највозрасниот играч во историјата на професионалниот фудбал

Казујоши Мијура стана највозрасниот играч во историјата на професионалниот фудбал

најстар

Легендарниот Јапонец Казујоши Мијура уште еднаш испиша историја во модерниот фудбал. Мијура кој е роден во 1967 година одигра 54 минути изминатиот викенд во нерешениот резултат на Јокохама и Нагасаки, а ФИФА објави дека поставил нов рекорд.

Казујоши Мијура стана највозрасниот играч во историјата на професионалниот фудбал, со 50 години и седум дена, надминувајќи го рекордот на сер Стенли Метјуз, кој во далечната 1965 година како играч на Стоук одиграл натпревар против Фулам. Метјуз тогаш имал 50 години и девет дена.

Популарниот „Кинг Казу“ е професионален фудбалер од 1986 година, а оваа сезона му е 32 во кариерата.

Мијура за јапонската репрезентација играше од 1990 до 2000 година, а на 89 натпревари има постигнато 55 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП