9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски и Трајковски добија нов претседател

Несторовски и Трајковски добија нов претседател

ile 3040

Фудбалскиот клуб Палермо, тимот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски доби нов претседател. Прв човек на тимот од Сицилија стана американскиот бизнисмен Пол Бачаљини.

Инвестицискиот фонд Бачаљини ќе го купи Палермо до крајот на април, а во плановите на бизнисменот се изградба на нов стадион, тренинг центар и вложување во играчкиот кадар.

Пол Бачаљи на претседателската функција го наследи Маурицио Зампарини кој 15 години беше на чело на Палермо.

Екипата од Сицилија по 27 натпревари се наоѓа во опасната зона со само 15 бодови и тешко дека ќе може да избори опстанок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП