26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи славеше во градската пресметка

Челзи славеше во градската пресметка

ham-cel33

Фудбалерите на Челзи го победија Вест Хем 2:1, во градскиот дуел, одигран во рамките на 27.коло, во Премиерлигата.

Лидерот во Премиерлигата, Челзи, го надигра Вест Хем во последниот меч од 27.коло и ја задржа предноста од десет бодови во однос на најблискиот конкурент, Тотенхем.

„Сините“ до победата дојдоа со головите на своите двајца најдобри играчи, Еден Азар во првото и Диего Коста во второто полувреме. Голот за Вест Хем го постигна Ланзини во последните моменти од натпреварот.

По 27 рунди во Премиерлигата Челзи има 66 бодови, десет повеќе од Тотенхем и 11 од Манчестер Сити, Ливерпул е на четвртото место со 52, Арсенал има 50, а Манчестер Јунајтед 49.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП