13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја ремизираше кај Алавес

Севилја ремизираше кај Алавес

sev300

Алавес и Севилја одиграа 1-1 во последниот натпревар од 26.коло во шпанската Примера.

Севилја против Алавес загуби два бода и се оддалечи од борбата за титулата бидејќи сега има три бодови помалку од Реал и четири од Барселона.

Бен Једер го постигна голот за Севилја, откако двата тима пропуштија по една добра шанса во првиот дел. Израмни српскиот репрезентативец Катаи во 75.минута по катастрофалната грешка на голманот на Севилја Рико.

До крајот на мечот Алавес имаше две шанси, Дејверсон во 84.минута го погоди дирекот, а слободниот удар на Катаи веднаш потоа успеа да го одбрани Рико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП