4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаплатните пунктови на ЕВН Македонија нема да работат на 2, 3 и...

Наплатните пунктови на ЕВН Македонија нема да работат на 2, 3 и 4 мај

evn

Наплатните пунктови на ЕВН Македонија ќе бидат затворени на 2,3 и 4 мај, заради надградба на постоечкиот билинг софтвер, со цел подобрување на квалитетот на услгите кон корисниците, информираат од компанијата.

Приемните канцеларии, додаваат оттаму, ќе бидат отворени во работните денови и ќе можат да ги прифаќаат сите барања од корисниците, кои ќе бидат обработени по имплементација на надградбата.

– Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во експозитурите на Македонска Пошта и во сите комерцијални банки во земјава. На располагање остануваат телефонскиот број за информации 0890 12345 во Центарот за односи со корисници, електронската адреса за информации и интернет страницата. Барањата и прашањата ќе бидат грижливо евидентирани и одговорени во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија, соопшти ЕВН Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП