2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајфун Коркут е новиот тренер на Баер Леверкузен

Тајфун Коркут е новиот тренер на Баер Леверкузен

37825966_303

Фудбалскиот клуб Баер Леверкузен во понеделникот го престави наследниот на Роџер Шмит, кој по серијата на лоши резултати ден предтходно доби отказ. Нов тренер на „фармацевтите“ е Тајфун Коркут.

Поранешниот турски репрезентативец и актуелен асистент на Фатих Терим во турската фудбалска репрезентација, Тајфун Коркут е нов тренер на Баер Леверкузен.

Коркут е поранешен тренер на Хановер, а последната работа му била во Кајзерслаутерн кој го отпушти во декември минатата година.

Инаку, Коркут доаѓа на местото на Роџер Шмит кој доби отказ поради лошите резултати, односно четирите порази на последните шест натпревари.

Баер во сабоата загуби од Борусија Дортмунд 6:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП