Неизвесни натпревари и кошеви во последните секунди во НБА лигата ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Четири натпревари беа решени во последните секунди.
Вашингтон предводен од Бојан Богдановиќ го победи Орландо 115:114. Хрватскиот репрезентативец, постигна 27 поени, 15 од нив во последната четвртина. Богдановиќ погоди осум тројки, од кои две во последните 66 секунди со кои го реши победникот.
Јута во Сакраменто славеше 110:109 со поените на францускиот центар Руди Гобер кој поентираше на три секунди до крајот на натпреварот. Гобер оствари двоен ефект од 16 поени и 24 скокови, а најефикасен кај џезерите беше Родни Худ со 28 поени.
Феникс во луда завршија успеа да го победи Бостон 109:106, иако во последните десет секунди Феникс имаше негатива 104:106. Тајлер Јулис со тројка во последните секуди го постави конечниот резултат.
Глен Робинсон со тројка во последната секунда и донесе победа на Индијана во дуелот со Аталанта 97:96. Индијана на помалку од 100 секунди до крајот на мечот имаше шест поени негатива но со серија 7:0 во финишот ја обезбеди победата.
Атланта – Индијана 96:97, Њујорк – Голден Стејт 105:112, Вашингтон – Орландо 115:114, Феникс – Бостон 109:106, Сакраменто – Јута 109:110, Далас – Оклахома 104:89, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 97:105.