17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките на ЖРК Вардар совладани од Мец

Ракометарките на ЖРК Вардар совладани од Мец

zrk-vardar-680x365_c

Ракометарките на Мец го декласираа ЖРК Вардар 42:28 (19:16), во претпоследниот натпревар од фазата по групи во Лигата на шампионите. Вардарки по вториот пораз во низа сега се на второто место на табелата во Групата 1.

Вардарв во Мец наликуваше на тим кој атакува на титулата во Лигата на шампионите само во почетните 15 минути од натпреварот и предноста од 4:7, а потоа 5:8. Мец потоа ја стабилизра својата игра, фати приклучок, потоа во 25.минута стигна до водство 17:13, односно предност 19:16 по првиот дел.

Во второто полувреме играта на Вардар целосно се распадна, нападот неорганизиран, најчесто базиран на индивидуални акции, додека одбраната воопшто не постоеше.

Вториот пораз во низа, веројатно ќе го вклучи алрамот во редовите на тимот кој најави атак на титулата, бидејќи како и против Будуќност тимот во ниту еден момент не успеа да го фати вистинскиот ритам, а одбраната врз која Вардар ја базира играта е премногу порозна.

Ана Грос со 12 голови го предводеше Мец до победата, додека Андреа Пенезиќ постигна 10 голови за Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП