11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Шкендија не го искористи киксот на Вардар

ПМФЛ: Шкендија не го искористи киксот на Вардар

vardar-680x365_c

Шкендија не успеа да го искористи киксот на Вардар, кој загуби во 21.коло од Победа. Прилепскиот тим славеше против лидерот, додека Шкендија не успеа да слави над Шкупи. Победа во ова коло забележаа фудбалерите на Пелистер, а два натпревари завршија без победник.

Победа како домаќин во Охрид успеа да го победи лидерот Вардар со 2:1, иако „црвено-црните“ имаа предност по првиот дел со голот на Грнчаров.

Прилепскиот тим до победата стигна во последните 15 минути од мечот со головите на Цветановски.

Киксот на Вардар не го искористи Шкендија откако со Шкупи одигра без голови. Пелистер очекувано славеше кај Македонија ЃП, додека Брегалница и Силекс во најефикасниот натпревар ремисираа 3:3.

Резултати, 21.коло:
Победа-Вардар 2:1
Шкендија-Шкупи 0:0
Брегалница-Силекс 3:3
Македонија ЃП-Пелистер 1:2
Работнички-Ренова 0:0

Табела: 1. Вардар 47, 2. Шкендија 41, 3. Пелистер 36, 4. Работнички 33, 5.Силекс 28, 6. Ренова 28, 7. Победа 19, 8. Шкупи 18, 9. Македонија ЃП 16, 10. Брегалница 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП