18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо ќе паузира против Еибар?

Роналдо ќе паузира против Еибар?

roni0033

Кристијано Роналдо може да го пропушти саботното гостување на „кралскиот клуб“ во Еибар, пренесуваат шпанските медиуми.

Најдобриот фудбалер на Реал, во петокот, трениера одвоено од останатите соиграчи. Доколку тој не може да игра на овој натпревар тоа само дополнително ќе ги зголеми проблемите на тренерот Зидан, кој тимот против кој ќе му се спротивстави на Еибар ќе го составува без Герет Бејл и рафаел Варан.

Бејл е суспендиран поради црвениот картон кој го доби на мечот со Лас Палмас, додека Варан е повреден.

Реал, во средата, одигра 3:3 со Лас Палмас, а бод за тимот спаси Роналдо со два гола во финишот на мечот. Со само еден освоен бод од тој натпревар Реал и ја препушти лидерската позиција на табелата на Барселона, која има бод и натпревар повеќе од „кралскиот клуб“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП