4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСампаоли нема намера да си замине од Севилја

Сампаоли нема намера да си замине од Севилја

skysports-jorge-sampaoli-sevilla-champions-league_3901789

Тренерот на Севилја Хорхе Сампаоли ја отфрлил можноста по завршувањето на сезоната да го замени Луис Енрике во Барселона, порачувајќи дека „до смрт е поврзан со овој проект на Севилја“.

Севилја, во четвртокот, го победи Атлетик Билбао (1:0), а по мечот шпанските новинари го прашале Сампаоли дали ќе се пресели во Барселона.

„Да одам во Барселона? На тоа прашање немам одговор. Не знам што се шпекулира, но во овој дел од сезоната не гледам смисол да дискутирам за тоа. До смрт сум поврзан со овој проект на Севилја“, рекол Сампаоли.

Хорхе Сампаоли минатото лето ја презеде Севилја, а неговиот договор важи до летото 2018 година.

Како што рекол на прес конференцијата, во наредните денови, тој ќе ги започне преговорите за породолжување на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП