2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико пропушти победа, тешка повреда на Фернандо Торес (видео)

Атлетико пропушти победа, тешка повреда на Фернандо Торес (видео)

111391467358b8a0ddf1d32441604275_w640

Атлетико Мадрид испушти два бода на „Риазор“ во Ла Коруња, откако одигра 1:1 со Депортиво, но натпреварот од 25.коло мина во знакот на тешката повреда на Фернандо Торес.

Искусниот напаѓач на Атлетико во 84.минута беше цел на жесток старт од страна на Алекс Бергантинос, во моментот кога со глава ја изби топката во поле.

Фернандо Торес падна на теренот, а лекарските екипи веднаш интервенираа, му го имобилизираа вратот и го однесоа во болница.

Информациите од Атлетико говорат дека „Торес доживеал драматичен потрес на мозокот“ и дека ноќта ќе ја мине под лекарски надзор во болницата во Ла Коруња.

Мечот заврши 1:;1, а стрелци на головите беа Андоне за домаќинот во 12.минута по катастрофалната грешка на голманот Облак, а израмни со вистински еврогол Гризман во 68.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП