23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПролонгиран изборот за селектор на сениорите

Пролонгиран изборот за селектор на сениорите

мкф

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), на редовната седница одржана во четвртокот го пролонгира изборот на новиот селектор на сениорската репрезентација, откако претходно и официјално беше разрешен од функцијата Драган Раца, кој не успеа да ја одведе репрезентацијата на Европското првенство.

Управниот одбор и претседателот на МКФ, Петар Наумовски, информираа дека во изминатиот период биле во контакт со тројца странски стручњаци, сите од Србија, Стеван Караџиќ, Саша Обрадовиќ и Александар Трифуновиќ.

„Заклучокот кај нив беше дека ангажманот од два месеци би бил преголем односно дека предолго би отсуствувале од фамилиите. Потоа целосно се насочивме кон македонските тренери“, рече Наумовски.

Прв избор на МКФ потоа бил Сашо Филиповски, кој неодамна го освои Купот на Турција со Банвит, но тој ја одбил понудата, со образложение дека сè уште не бил подготвен да извршува две функции.

„Дојдовме до три имиња за тренер кој ќе ја води „А“ репрезентацијата. За нивна финална селекција, важно ни беше да имаат и одлична хемија со играчите. Тие три имиња, како што веќе знаете, се Марјан Илиевски, Љупчо Малинков и Александар Јончевски. Во последен момент се случи да ’не ја изградиме куќата’. Ги имаме темелите, но останавме без кров и поради тоа бараме дополнителни денови. Сè беше договорено – и соработка (со Марјан Илиевски) и финансии, меѓутоа не се договори соработката со уште еден човек кој требаше да биде дел од стручниот штаб. Тука застанаа преговорите и тој нема да биде селектор“, рече првиот човек на МКФ, Наумовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП