17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалверде ќе го замени Енрике!?

Валверде ќе го замени Енрике!?

ATHLETIC DE BILBAO F C BARCELONA

Актуелниот тренер на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, според шпанските медиуми, има најголеми шанси од наредната сезона да ја предводи Барселона, односно да го наследи Луис Енрике, кој во средата најави заминување од клубот.

Ернесто Валверде во Билбабо е од 2013 година, а во 2015 година токму во дуелот со Барселона, на овој клуб му го донесе првиот трофеј по пауза од три децении. Атлетик во 2015 го освои Суперкупот на Шпанија.

Валверде е поранешен тренер на Еспањол, Валенсија, Виљареал и Олимпијакос, како играч тој бил дел од Барселона, две сезони во 80-те години од минатиот век.

Неговиот договор со Атлетик истекува по завршувањето на сезоната, а тој сеупте не го продолжил, што за познавачите значи дека тој знае за интересот на Барселона.

Покрај Валверде потенцијални кандидати за нов тренер на Барселона се: тренерот на Севилја Хорфе Сампаоли, менаџерот на Евертон Роналд Куман, поранешниот тренер на ПСЖ Лоран Блан, менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино, екс тренерот на Интер Франк де Бур.

Барселона, откако Луис Енрике, објави дека ќе замине од клубот по завршувањето на сезоната, соопшти дека името на новиот тренер ќе биде познато по 1.јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП